Фудбалерот Кристијано Роналдо и неговата сакана Георгина Родригез неодамна станаа родители на мало девојче, но нејзиниот брат близнак не го преживеа породувањето.

Неколку дена по трагичната загуба, Кристијано Роналдо објави семејна фотографија со новороденото девојче.

„Сакаме да им се заблагодариме на сите за сите љубезни зборови и гестови. Вашата поддршка е многу важна и сите ги чувствуваме љубовта и почитта кои ги имате за нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот кој штотуку го пречекавме на овој свет“, стои во емотивната порака на фудбалерот.

Сега Георгина ги објави и првите фотографии од ќеркичката и го откри нејзиното име.

„Бела Есмералда. 18 април 2022 (датумот на нејзиното раѓање)“, напиша Георгина во описот на фотографиите.

Дефинитивно, малечката има преубаво португалско име!

View this post on Instagram

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)