Тешка несреќа денеска го погоди Нови Пазар кога едногодишно дете падна од четврти кат од зграда, која се наоѓа на улицата „Стеван Немања“.
Инцидентот се случил во 16 часот и 20 минути, а според првичните информации детето е во критична состојба и животот му е во опасност. Брзата помош брзо реагирала, а детето е пренесено во болница за понатамошна медицинска помош.
До несреќата дошло поради се уште неразјаснети околности. Според очевидци, детето по падот давало знаци на живот и итно било пренесено во Општата болница во Нови Пазар.
-Бев во кафуле на приземје од зградата, мислев дека некој фрли жолта кеса од терасата и почнав да пцујам, но кога го видов детето не можев да поверувам – изјавил за Информер еден од очевидците.
Од спратот од каде што постои сомневање дека детето паднало се гледа отворена тераса, како и ниска ограда.
Полицијата веднаш излегла на терен и во моментов се води истрага за да се утврди што довело до инцидентот.