Џек Грилиш требаше да биде нов лидер на Манчестер Сити откако „граѓаните“ минатото лето платија 100 милиони фунти за неговиот трансфер од Астон Вила. Фудбалските квалитети на плејмејкерот се несомнени, но неговиот професионализам и пред се животот надвор од теренот му создаваат сериозни проблеми на Пеп Гвардиола.

Доказ за тоа е и фотографиите и видеото што се појавија на „Тик Ток“, на кои се гледа како Грилиш не може да стои на нозе по вечерата на која се наоѓаа и неговите соиграчи Ријад Марез и Кајл Вокер.

Двајцата фудбалери со подолг стаж во Сити изгледаат сосема нормално при излегувањето од локалот, што не може да се каже за Грилиш, кого пријателите го држат да не падне на улица.

Пеп Гвардиола минатиот месец го отстрани Грилиш од тимот за два натпревари откако не беше задоволен од неговиот однос и залагањето на тренинзите, па нема да биде изненадување доколку трофејниот стручњак се реши за иста дисциплинска мерка и по појавувањето на овие фотографии во јавноста.

📸

🎥