Loading...

Вечерва гори голем пожар предизвикан од запалено стрниште покрај Црна Река, а екипите на противпожарната служба од Битола се на местото и интервенираат, информираат од Центарот за управување со кризи

Големиот пожар е видлив од делови од Битола.

Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна, зафаќајќи голем обем. Гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Loading...

Повторува дека нема опасност по населени места, а ТППЕ Битола се обидува да го локализира пожарот.