Змија попладнево влегла во мензата во студентскиот дом „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда во Скопје. На фотографиите што до редакцијата на Мета.мк ги испратија студенти сместени во домот, се гледа змијата како е притисната на влезната врата од објектот.

Директорот на Државниот студентски дом Скопје (ДСД Скопје), Виктор Велевски за Мета.мк потврди дека змијата влегла во студентската менза и дека се запознаени со настанот.

Утрово пак, на Инстаграм страницата „Студентарија“ беа објавени фотографии на кои се гледа неискосена трева кај бараките што се дел од „Стив Наумов“.

Ова не е првпат змија да се појави во овој студентски дом. Поради близината на парк-шумата Гази Баба, во изминативе години во неколку наврати се забележани влекачи во или околу објектите на домот.