Познатиот српски рокер Ѓорѓе Давид на вечерашното финале на „Ѕвездите на Гранд“ пристигна во придружба на поранешната македонска мисица, а сегашна водителка Вера Мештеровиќ.

Популарниот рокер кој е член на жирито пред тамошните медиуми Мештеровиќ ја претстави како сериозен пиар кога е Македонија во прашање и како негова менаџерка за Македонија.

-Вера е некој кој ми беше најголем „брат“ кога ми се случи оној ужас во Македонија. Бидејќи Вера многупати посака да дојде овде и да види како сето ова изгледа, ѝ реков: „Пакувај се, хотелот те чека, твое е да дојдеш и да видиш како изгледа она што го викаме „гранд финале“-појасни тој.

На коментарите дека сигурно му завидуваат што е опкружен со убави жени, одговори:

„Мажите може да ми завидуваат, но она што е најважно е да тесен круг на мои пријатели, меѓу кои се Ана и Сташа, добро знаат која е Вера во мојот живот“.