Вршителот на должноста директор на полициската управа на Црна Гора, Никола Терзиќ изјави дека полицијата идентификувала женско лице за кое постои сомневање дека е вмешано во случајот со копањето на тунелот до Вишиот суд.
Тој за РТЦГ изјави дека прашање на денови е кога ќе биде уапсена.
– Објавувањето на фотографијата на оваа жена им помогна на граѓаните самите да излезат и да дадат информации. Лицето го идентификувавме и моментално имаме информации дека не ја напуштила територијата на Црна Гора и прашање е кога ќе биде лоцирана и лишена од слобода, изјави Терзиќ, пренесува порталот РТЦГ.