Потрошила милион долари за, како што вели, да се трансформира од грдо пајче во лебед, а со операции почнала на 18 години.

Првата операција што ја направи моделот на Плејбој, Џена Бентли (32) беше операција на носот што ја направи на 18-годишна возраст, непосредно пред да се всели во вилата на Плејбој.

Иако, како што вели, за малку ќе се удавела од сопствената крв за време на закрепнувањето, тоа не ја спречи да се трансформира. Следеа уште 14 интервенции и не е ни блиску до крајот. Некогаш ги правела овие операции, а сега отворено зборува за нив и вели дека е горда на секоја од нив, бидејќи секоја била „чекор поблиску до целта“.

Тие 14 операции вклучуваат три операции на градите, липосукција, подигање на задникот, дотерување, мачкини очи, филери на образите, уште една операција на носот… Вели дека потрошила околу 200.000 долари за ботокс и уште 15.000 долари кои ги дала за разни мали козметички зафати на нејзиното лице.

– Секој ден сум благодарна што немав никакви компликации поради овие зафати, но нема да престанам. Зависна сум од естетски зафати и секогаш сакам повеќе. Сега веќе сите имаат одредена слика за тоа како изгледам и морам да го задржам тоа, потребна е многу работа – убедена е таа и додава дека „за секој маж кој не сака оперирани девојки, има 10 на кои им се допаѓа токму тој изглед“.

Џена Бентли, зајачицата на Плејбој, особено ја скандализира јавноста поради врската со милијардерот Бен Браун. Кога имаше 21 година, беше свршена за Бен Браун, кој во тоа време беше во шестата деценија. Ги исполнија насловните страници, но љубовта пукна, а Џена оттогаш беше заборавена додека повторно не се појави во јавноста со најава дека ќе ги отстрани облините со кои се прослави.

Сепак, тоа не се случи. Наместо тоа, Џена сега се жали дека најмалку 25 профили на Инстаграм се затворени поради експлицитни слики.

Како атрактивната девојка изгледа денеска, погледнете на фотографиите кои следуваат:

📷

📷

📷