Мислав Вучетиќ, кого сите го нарекуваа Куре, познат тренер за боречки вештини и легендарен член на Bad Blue Boys (навивачката група на Динамо Загреб), ненадејно почина во сон на 41-годишна возраст, јавуваат хрватските медиуми.
– Куре е еден од најпознатите ликови на трибините на навивачите на Динамо во последните децении, како лидер многу популарен меѓу БББ, но и исклучително почитуван во хрватската заедница за боречки вештини. Неодамна, во пресрет на реваншот против АЕК во Лигата на шампионите, тој ги предводеше момците на тренингот на Динамо и од оградата испрати мотивациска порака до играчите, пишуваат медиумите.
Беше аматерски борец, но првенствено е познат како тренер во кик-бокс и тајландски бокс. Ја водел теретаната Питбул, каде тренирале многу ентузијасти за боречки вештини.
Sok i nevjerica… Počivaj u miru, hrabri čovječe… Hvala ti na svemu pic.twitter.com/6yT77J4nXC
— Zona Dinamo (@ZonaDinamo) October 23, 2023