Видеото со грчката актерка и инфлуенсерка Јоана Туни, на кое се гледа како го дои синот е преплавено од негативни коментари, како што спомена таа самата во својата нова објава.

Во првиот дел таа прикачи фотографија на која позира во Монте Карло, уживајќи во тестенини, а во вториот повторно го објави видеото на кое го дои своето дете со Димитрис Александроу, додавајќи го следново во описот:

„За хаосот што се направи со ова видео, сакам да им порачам на оние кои се навредени или „напалени“ од тоа колку е „провокативна“ сликата на мајка која дои, веднаш да отидат да побараат помош. МАЈКИ ПРОДОЛЖЕТЕ 🔥🔥 Никаков срам не е прифатлив при јавно доење!“ напиша Јоана Туни.

Инфлуенсерката беше во Монте Карло со својата пријателка, Стела Пасари, со синот што го доби со Димитрис Александроу и во една од објавите што ги направи прикачи клип каде го дои бебето во кафуле, пишувајќи „Животот на мајката“.

View this post on Instagram

A post shared by Ι ω ά ν ν α Τ ο ύ ν η (@j.touni)