За сообраќајната несреќа која ѝ го промени животот проговори 19-годишната девојка Елеонора, која за грчките меидуми опиша како се случила несреќата која ѝ го одземала видот на левото око.

– Бев излезена, моето момче дојде со својот мотор во 6.30 сабајле да ме земе. Се качив, неколку метри подолу паднавме. Го изгубив видот на левото око, погодена беше каротидна артерија. Ги скршив карлицата и колкот и не слушам добро од левата страна, признала 19-годишната девојка која два месеци поминала во болница обидувајќи се да се опорави од тешките повреди.

19-годишната девојка исто така откри дека била фанатик по мотори, но размислувала дали треба да се качи на моторот на нејзиното момче.

– Не се сеќавам што се случи, паднав во кома. Не ни знам што се случило, рече таа.

– Мајка ми многу ме поддржуваше. Психологијата, трпението и навиката одиграа улога. Видот не може да се врати, визуелно да, може да се врати изгледот, но не и видот, додаде 19-годишната девојка.