Репрезентативецот на Црна Гора, Никола Крстовиќ, денес го привлече вниманието кон себе, но не поради неговите фудбалски квалитети или успеси, туку со објава на социјалните мрежи.
Тој со репрезентацијата на Црна Гора не успеа да стигне до пласман на Европското првенство, со оглед на поразот од Унгарија со 3-1, но на социјалните мрежи објави дека го продава својот автомобил и нагласи: Итно е!
Крстовиќ кој настапува за Лече, и вреди пет милиони евра, продава автомобил Голф 8, произведен во 2022-рата година и со поминати 18.000 километри за цена од 41.000 евра.
Lecce striker Krstović is selling his old Volkswagen Golf on Instagram 😂💰
This is the most Serie A thing ever. pic.twitter.com/3yzNrMf7Yn
— Italian Football TV (@IFTVofficial) November 19, 2023