Двајца ловџии загинаа утрово на локалитетот Лукичи кај Завидовиќи, во Босна, откако активирале противпешдиска мина во област која била означена дека не е безбедна и оти има мини.
Во несреќата починале Азем Мујиќ (64) и Елведин Кесеровиќ (41), двајцата од Завидовиќи.
Несреќните ловџии чекале во заседа дивеч, по што еден од нив стапнал на мина ПРОМ-1П и ја активирал. Станува збор за противпешадиска, распрскуваччка отскочна мина, која убива со шрапнели и експлозивна моќ во радиус до 30 метри, а често и на поголема оддалеченост.
По пријавувањето на оваа трагедија, деминерите на Федерлната управа за Цивилна заштита преземаа акција и ги извлекоа телата на двајца ловџии од минското поле.
Нивните пријатели се збогуваат со горчливи пораки на социјалните мрежи.
– Го молам Алах да им се смилува на колегите ловци кои утрово починаа од злото што беше посеано во босанските шуми, напиша еден од нивните пријатели.
– Жртвата се наоѓала на околу 70 метри во длабочината на зоната на ризик од мини, а бидејќи имало индиции дека и друг ловец влегол во минското поле, со пребарување на теренот, 30 метри од местото каде што е пронајдено првото тело, била забележа и втората жртва, соопшти ФУЦЗ.