Актерката Тамара Драгичевиќ го привлече вниманието на публиката со улогата на Силвана Арменулиќ во филмот „Тома“, а сега воодушеви со фотографија која ја објави на Инстаграм.

Актерката е многу активна на социјалните мрежи, па често ги изненадува своите следбеници на Инстаграм со нови фотографии.

Посебно внимание привлече нејзината претпоследна фотографија на која позира во кревет во чипкан градник.

Тамара беше минимално нашминкана за потребите на оваа слика, па многумина истакнаа дека е убаво да се види природен изглед.

Тамара неодамна во интервју за Нова.рс откри што би правела да не била актерка.

„Уф, тешко прашање, бидејќи многу сакав да се занимавам со оваа работа. Затоа не размислував многу за тоа, а се запишав на глума после трета година средно, па тоа е уште една причина да ги одложам тие размислувања. Но, подоцна, кога се запрашав која професија би била тоа и почнав позрело да се запознавам себеси, се доближувам до тоа дека психологијата е друга опција, изјави актерката за Нова.рс.