Неодамна познатата фолк-пејачка Благица Павловска (65) објави фотографија со која што ги изненади сите на социјалните мрежи.
Имено, Благица не можеше да му одолее на тракторот, па се качи на него и со насмевка на лицето позираше во вакво издание.
Облечена во цветен фустан таа се фати за воланот, а фотографијата изненади многумина на социјалните мрежи.
Не знаеме дали таа навистина се возеше со оваа „луда“ машина, но повеќе од сигурни сме дека уживаше додека го прави тоа.
Таа покажа дека е подготвена да се најде и во улога на шофер, доколку има потреба за тоа во некоја пригода.