Предраг Г. (50), директор на ресторан во центарот на Белград, бил избоден со нож кога бил нападнат во Кнез Михаилова од поранешниот вработен Иван Г.(33), наводно поради неисплатени плати!

– Како што дознаваме, Предраг бил прободен во десното рамо, објавија српските медиуми.

Напаѓачот Иван Г. е поранешен вработен во ресторанот и веднаш бил уапсен.

Според информациите на „Блиц“, еден од работниците изјавил дека Иван Г. дал отказ од работата во ресторанот и дека претходниот период од директорот барал заостанати плати.

– Денеска дошол во ресторанот и без да каже ништо пришол и го прободел Предраг со нож – рекол тој.

Ранетиот е пренесен во Ургентниот центар и во моментов е на операција.