Никола Станишиќ го освои синоќешното финале на „Ѕвездите на Гранд“ со своите одлични вокално способности и настапи полни со емоции , а многумина ине го знаеја фактот дека неговиот татко се натпреваруваше оваа сезона во „Никогаш не е доцна“.
Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ е роден на 18 февруари 2000 година во Скопје, каде што завршил средно училиште, а слободното време претпочита да го поминува играјќи фудбал со своите пријатели. По професија е пејач, има и свој бенд со кој настапува низ цела Европа, а со својот глас и енергија успева да ја освои публиката на различни сцени.
Кога за прв пат оваа сезона зачекори на сцената на „Ѕвездите на Гранд“, неговиот глас веднаш го препозна поранешната менторка Марија Шерифовиќ, која како и преостанатите шест члена на жирито, гласаше и за него. Неговите интерпретации на песни ги воодушевија сите, особено Цеца Ражнатовиќ, чиј глас Никола не го очекуваше. Она што најмногу го воодушеви жирито беа изведбите на македонски песни од страна на Никола.
Сепак, неговата насмевка ја разоружа не само публиката на „Ѕвездите на Гранд“, туку и музичкото натпреварување „Никад није касно“, од кое Никола беше дел неколку пати. Причината за ова беше таткото на Никола, Срѓан Здравковиќ, кој се натпреваруваше во шоуто за ветерани.
– Тој беше првиот што се пријави, за што јас дури и не знаев. Потоа се пријавив, и кога реков дека одам на снимањето, ми рече дека и тој ќе оди, и тогаш дознав каде учествува воопшто – откри Станишиќ во една пригода.
Тој ја делеше сцената со својот татко во втората рунда од ова шоу, кога натпреварувачите во ревијалниот дел пеат со член на нивното семејство, и кога се појави вистинска конфузија поради нивните различни презимиња.
– Моето презиме е Станишиќ, не и негово (на татко му) сè додека не се пресели во Германија. Кога отиде таму, сакаше српски документи бидејќи е Србин. Од пред една недела, и јас сум официјално Србин, зедов државјанство, но не го сменив презимето. Станишиќ сè уште стои и ќе стои засекогаш. Значи, тато е виновен за таа мистерија – објасни Никола за Гранд.
Тој ја посвети победата на личноста која најмногу го поддржува.
– На мајка ми, која секогаш беше тука зад мене – нагласи младиот пејач, чија мајка по потекло е од Македонија.
– Малкумина всушност знаеја дека Никола по потекло е од Србија, кој случајно е роден и израснат во Македонија, откако неговите родители биле принудени да го напуштат родниот град Гњилане во Косово и Метохија. Во 1999 година, неговиот татко Срѓан немал поим дека за време на агресијата на НАТО ќе мора да ја продаде куќата на Албанците и да ги однесе сопругата и трите ќерки на безбедно, пишува Гранд Онлајн.
Потоа нашле засолниште во Скопје, каде што се родил Никола, додека неговиот татко Срѓан заминал по леб во странство.
– Со години работев во Швајцарија, Турција, а сега живеам и работам во Германија, додека моето семејство е во Македонија. Можам само да му се заблагодарам на Бога за талентот за пеење што ми го даде, бидејќи благодарение на него можев да го прехранам моето семејство – рече таткото на Никола, Срѓан, во интервју за Гранд.