Велешанката Нона (Ноне) Неделковска која македонската јавност ја запозна преку натпреварот за музички таленти „Идол“ веќе долги години не се занимава со музика бидејќи ужива во работата на брод и бројните патувања низ светот.

Поранешната пејачка веќе со години живее далеку од својот роден град и ужива во новиот начин на живот и работата на брод. Велес е вистинскиот дом на пејачката, градот каде живее нејзиното семејство. Нона веќе еден месец е во својот роден град и ги користи сите слободни денови за да помине квалитетно време со своите стари пријатели и секако домашните.

По повод вчерашниот ден Денот на вљубените и секако христијанскиот празник Св.Трифун Нона објави фотографии на својот инстагтам – профил со кои го привлече нашето внимание.

На домашната адреса на Нона пристигнал џиновски букет со црвени рози со картичка на која беше испишана долга порака.

Од кого е овој прекрасен букет поранешната пејачка не ни откри бидејќи судејќи по следната фотографија Ноне славеше Св.Трифун.