Балканската sвезда Лепа Брена отпатува на црногорскиот брег, каде нејзината прекрасна јахта е закотвена во едно од пристаништата на Јадранското море.

Имено, фолк дивата направи интересна снимка од јахтата и покажа дека се работи за прекрасен пловен објект.

Инаку, јахтата на Живојиновиќ, која тој ја крстари низ целиот свет, според пишувањето на српските медиуми, наводно чини околу 890.000 евра.

„Па, тоа е убав брод од околу 30 метри, со пет, шест спални соби. Не беше подарок само за нашите души. Сакавме да си дозволиме нешто затоа што тоа беше специфична ситуација. Не можевме да се дружиме, можевме само да пловиме. Така, имав една година пауза и одмор за да го поминам она што навистина го сакав цел живот – да пловам и да бидам на вода. Го сакам морето и водата, а ги сакам и чамците. Секако, не успеав да посетам сето она што го сакав“, рече неодамна Брена.