Губењето на член на семејството е една од најтешките ситуации во животот на секоја личност. Уште потешко е кога родителите остануваат без своето дете.
За жал, токму тоа им се случи на Рејмонд и Рејчел Виласенор од САД. Тие го изгубиле синот Џозеф кога имал 36 години. Она што следеше беше најтешко, она што ниту еден родител не сака да го доживее – мораа да се збогуваат со својот син за последен пат пред тој засекогаш да замине под земја.
Неговиот гроб го посетувале во зависност од временските услови. Кога било постудено, тие оделе малку поретко на гробиштата, но кога Рејчел еден ден го посетил гробот, забележал нешто необично.
На другите гробови тревата била жолта и исушена од студот, само на гробот на нивниот син била убава и зелена. Отпрво мислеле дека тоа е некакво чудо, бидејќи како поинаку да се објасни фактот дека само на неговиот гроб тревата беше зелена? Меѓутоа, подоцна ја дознале вистината.
За зелената трева бил одговорен 86-годишниот Џејк Рејсиг, кој еден ден видел млада жена како плаче на гробот на Џозеф. Дознал дека таа е сестра на младиот човек и дека Џозеф и значи многу.
Старецот неодамна изгубил важна личност, неговата сопруга, и знаел како е да изгубиш некој што ти значи многу. Затоа сакал да направи нешто младата жена да се чувствува подобро. Секогаш кога одел на гробиштата за да го разубави гробот на својата сопруга, господинот Рејсиг го наводнувал и гробот на Џозеф.
Зелената трева ги изненадувала родителите на Џозеф секогаш кога го посетувале гробот на нивниот син, а по некое време во разговор со нивната ќерка ја дознале вистината за гробот, тревата и господинот Рејсиг.
Ги трогна тоа што има еден старец кој одвојува време да го разубави гробот на нивниот син иако не го ни познавал. Тие му се заблагодарија и признаа дека тоа многу им значи.