Околу 7.30 часот утрово, во отворениот канал за собирање на атмосферски води во реонот Пролече во Штип, пропадна автомобил марка опел корса со штипски регистерски таблички.
Оваа информација заедно со фотографиите ги пренесува каналот ММС.
Според сведоци на настанот, со возилото пропаднал и 36 годишен човек, кој бил пренесен во болница, но не му биле констатирани повреди, по што си заминал.
Член на семејството на возачот изјавил дека тој со возилото тргнал на работа утрината, меѓутоа, поради мразот на улицата, се излизгал, преминал на тротоарот и прво удрил во дрво, по што пропаднал во отворениот канал.
Според информациите, каналот е отворен повеќе од 60 години и ги собира водите од двете околни населби. Лоциран во подножјето на клиничката болница вообичаено е полн со отпад, а ретко, при силни врнежи, се полни со надојдена вода.