Денес заврши гласањето за избор за наградата „Маж на годината според социјални медиуми“, а победник е комичарот Љупчо Крстевски.
Тој освои 11.000 гласови, а зад него со освоени 4.200 гласови е јутјуберот Стефан Лазаров, додека на третата позиција е актерот Стефан Николовски со 2.400 гласови.
– Познат по своето учество во хумористичниот шоу К-15, Љупчо Крстевски денес е актуелен на социјалните мрежи, особено на својот нов профил на Инстаграм mr. ljube, каде го следат илјадници верни фанови. Со своите кратки видеа и хумористични изведби, тој продолжува да ја развеселува и инспирира својата публика.
Сакаме да се заблагодариме на сите вас што учествувавте во гласањето и што ни помогнавте да го избереме победникот во оваа категорија.
Вашата поддршка е од големо значење за нас, истакнаа од организацијата на настанот.
Во категоријата ,,Маж на годината според социјални медиуми“ беа номинирани повеќе јавни личности, помеѓу кои пејачи, актери, спортисти…