Сопственикот на „Рагуза Груп“, Перица Голомеиќ на својот профил на Фејсбук објави дека успеал да се качи на највисокиот врв на Аплите, Мон Блан (4810м).

Голомеиќ кој е познат како вљубеник во планините, сподели и неколку фотки од неговата авантура, а како што објави во описот, ова искачување тој го посветува на неговиот починат татко Мирко Голомеиќ.

„После успешната аклиматизација во Италија на околу 4000 мнв, утрово во 10:53 мин го искачив највисокиот врв на алпите Мон Блан 4810 мнв. Движевме во многу лоши временски услови со минусни температури и ветер од околу 50км/ч. Голема благодарност до целата екипа на чело со водичот Дејан Доневски и мојот брат на планините Стојаноски Синиша – Даци. Овој мој прв голем успех во високогорството ќе му го посветам на мојот покоен татко Мирко Голомеиќ“.

Погледнете ги фотките кои Голомеиќ ги објави на социјалните мрежи: