Во несреќа што се случи околу 13 часот во центарот на српскиот град Краљево, тешко е повредено девојче на возраст од година ипол, јавуваат српските медиуми.

Девојчето од засега непознати причини паднало од прозорецот на вториот кат од станбената зграда во која живее со својата самохрана мајка.

Според зборовите на очевидци од околните локали, девојчето паднало на тротоарот со раширени раце, но не се сигурни дали давала знаци на живот.

Набрзо на местото на несреќата пристигнале и припадници на краљевската полиција и брзата помош. Девојчето итно е пренесено во Општата болница Студеница во Краљево и моментално е на интензивна нега.

Засега не се знае степенот на нејзините повреди.

📷