Паулина Поризкова, една од најубавите манекенки од 80-тите, неодамна ги оперираше колковите, а сега гордо ги покажа лузните.
– Додека одев на оваа операција, не можев а да не размислувам за лузните. Ги прифаќам тие што ги имам, но немам желба да создавам нови. На нашиот одмор постојано се збогував со мазната кожа на коските на колкот, иако се чувствував виновна што сум суетна, започна таа.
Меѓу другото, таа изјави дека лузните ќе станат дел од неа и ќе бидат потсетник на старите болки и нови победи. Таа објасни како и старите и новите лузни на нејзиното тело и ум се „лепилото што ја држи заедно“.
„Како и сите лузни внатре и надвор, ќе ги прифатам. Ќе се гордеам со нив, но немам намера да создавам нови“, напишала таа.
Порзикова е родена со вродена дисплазија на колковите, што може да доведе до остеоартритис или фрактури на колкот. Одлучила да се оперира бидејќи и се истрошила ‘рскавицата на колковите.
Паулина е родена во 1965 година во тогашна Чехословачка. Таа се преселила во Шведска со своето семејство во 1968 година за да ја избегне инвазијата на Варшавскиот пакт. Во Шведска стана актерка и модел со светски позната кариера.