Тара Џејн е медицинска сестра која потрошила повеќе од 200.000 долари за да изгледа како вистинска Барбика.
31-годишната девојка имала многубројни естетски операции, вклучително и зголемување на градите и десетици инјекции и филери. Таа себеси на социјалните мрежи се нарекува „Australia’s Limited Edition Barbie Doll“.
Џејн редовно се соочува со критики и негативни коментари поради драстичните модификации на нејзината фигура.
Сепак, таа смета дека тоа не е ништо во споредба со „предностите што ги има“. Џејн вели дека „пластичната хирургија и дава чувство на моќ“.
– И верувам дека е исклучително важно за една жена во денешно време да може да покаже како се чувствува. Пластичната хирургија е она што ми носи радост. Тоа ми дава самодоверба да бидам најдобрата верзија од себе и да се чувствувам моќно како жена, вели таа.