Младата и талентирана пејачка Александра Јанева важи за еден од подобрите и поквалитетни вокали на музичката сцена.

Без разлика дали ќе отпее своја песна, или пак ќе сними “кавер“ за некоја позната песна, таа дефинитивно има талент или дарба за пеење.

Во октомрви претходната година таа го издаде албумот „Отвори срце“, кои наиде на одличен фидбек кај македонската публика.

Јанева тогаш „отвори срце“ за музиката, но и дали за љубовта? Имено, на почетокот на пандемијата за македонските медиуми, изјави дека не е заљубена и дека нема момче.

Сепак, отогаш па досега изгледа дека работите се промениле, па пејачката го “отвори срцето“ и на љубовен план.

Иако, на својот „Инстаграм“ не споделува приватни моменти, овојпат таа реши да обзнани да е заљубена и за првпат го покажа момчето Иван Ангелов.

Пејачката објави неколку фотографии од неа и саканиот со кој позираат на зајдисонце, а во описот напиша „Бркајќи го зајдисонцето“.

Од друга страна пак и Иван на својот профил сподели неколку заеднички фотографии од летниот одмор со нашата пејачка.

Kолку време парот е не знаеме, но она што е очигледно според фотографиите уживаат еден покрај друг во летните денови, а карантинот имал позитивно влијание врз пејачката, конечно „се врати сонцето“ во нејзиниот љубовен живот. вистина.мк