За многу фанови, тетоважите на нивните херои се начин да ја изразат својата љубов кон клубот, но има многу случаи кога работите тргнуваат наопаку и не го прикажуваат карактерот или симболот на она што требаше да значат на достоен начин.

Речиси и да нема фудбалски клуб кој нема барем група навивачи со тетоважи кои го симболизираат тој клуб, со кој навивачите ја изразуваат својата припадност, а слична е ситуацијата и со фудбалерите.

Оваа култура е особено развиена во Англија, каде навивачите не бегаат од тетовирање на грбовите на нивните клубови, нивните херои и се што ќе ги поврзе со клубот за кој навиваат.

Токму од Англија добиваме пример за тетоважа која не испадна како што се очекуваше. Навивач на Њукасл ја истетовира клупската легенда и најдобар стрелец на сите времиња во англиската Премиер лига, но тешко е да го препознаете додека не го прочитате неговото презиме под тетоважата.

Секако, тоа е легендарниот Алан Ширер, најдобриот стрелец во Премиер лигата во историјата. Тој остави многу длабока трага во Њукасл и за сите е апсолутен херој и една од најголемите легенди.

Но, обожавателот кој го тетовираше ликот Ширер се соочи со голем број шеговити коментари за тоа што има на неговиот грб. За тоа и до ден денес популарните фудбалски сајтови го исмејуваат, а не се знае дали овој навивач ја сменил или направил корекции на тетоважата.