Сопругата на познатиот српски кошаркар Дарко Миличиќ, Зорана, изгледа феноменално, а главна причина за тоа секако се напорните тренинзи.
На некогашниот НБА кошаркар му роди три деца, Лука, Лазар и Лара, но изгледот на нејзиното тело е посакуван од многу девојки кои активно тренираат.
Зорана Миличиќ и тоа како работи на себе, а нејзините нетипични тренинзи се хит на социјалните мрежи.
Сопругата на поранешниот кошаркар сега покажа колкав е процентот на масти во нејзиното тело, со сјајната фигура од 175 сантиметри висина и 73 килограми.
Убавата Зорана е прилично популарна на Инстаграм, каде ја следат околу 70.000 луѓе.
Голем фан е на екстремните спортови, обожува и фитнес, а сетоа тоа е причина голем број на девојки да и завидуваат.
Телото на Зорана го разубавуваат и голем број на тетоважи.