Популарниот македонски готвач, Виктор Настески, сподели потресна објава на неговиот фејсбук профил.
Станува збор за инцидент во кој, неговиот син, како што вели Настески, бил буквално прегазен од друго седумгодишно дете кое возело електричен тротинет.
„-Буквално прегазен со Електричен Тротинет пред зграда
-Пред зграда каде што си играат милион дечиња
-Прегазен од 7 годишно дете на кое му е даден електричен тротинет!!!???
-Има ли годишна граница кој смее да ги вози и да ги управува бе овие гнасни електрични тротинети, има ли воопшто некаков закон?(јас незнам еве нека каже некој што поседува таков?).
-Никогаш не сум ги сакал, а никогаш и нема да поседувам еден! Многу пати ми излетувале ко индијанци пред кола и за влакно не сум ги удрил!
-Еден од најголемите канцери во нашиот и така веќе крш сообраќај се овие електрични тротинети, уште тие фалеа!
-Избегав од Кисела Вода за да ми го прегазат детето пред зграда во Аеродром!
-Далеку подобра населба нема тука збор, но дали побезбедна и мирна за живеење?(воопшто не)!
-Се лудува низ зградиве со мотори, скутери итн!
-Се лудува низ зградиве и ТЦ Бисер со вакви електрични тротинети, каде и мене за влакно неколку пати не ме удриле!
-Се возат по двајца, тројца на нив!
-Си дрифтаат со нив итн.
-Се дерат и урлаат под прозор до доцните часови!
Ова веќе нема никаква контрола и секој си прави што сака! Има ли некој кој може да го спречи ова лудило и овој хаос??? Имаме ли институциии?
Општина Аеродром ќе превземеме нешто или ќе чекаме да се случи некоја поголема трагедија?