Лили нарачала елка преку Интернет за само 10 долари. Кога го отворила пакетот, дрвото изгледало тажно …

Жената останала во шок откако наместо убава елка која ја нарачала преку интернет, добила дрво кое повеќе личи на „морска трева“.

Тик Токерка Лили мислеше дека го нашла совршеното дрво на Интернет. „Божиќната елка над 180 см“ чинела само 10 долари, пренесува Mirror.

Кога дрвото пристигнало, Лили едвај чекала да ја отвори кутијата. Но, таа брзо се разочара кога ја виде нејзината состојба.

Таа го сподели видеото со своите фанови на TikTok и е прегледано повеќе од три милиони пати.

На видеото потоа се гледа дрво што таа го купила, а кое наместо да изгледа убаво како што мислела, има само неколку гранки и предизвика критики на интернет.

Еден корисник се насмеал и коментирал дека дрвото личи на „морска трева“, додека други коментирале дека треба само да го чешлаат и исчистат дрвото.

Во следното видео кое го објавила го направила токму она што тие го коментирале, но дрвото сепак изгледало „тажно и мизерно“.