Настапот на Снежана Качар оваа сабота предизвика жестока дебата меѓу членовите на жирито чии коментари ја расплакаа натпреварувачката. Иако Качаро се пласираше во следната рунда од плеј-офот, таа одлучи да го напушти натпреварувањето по шоуто.
Таа оваа вест ја сподели на своите социјални мрежи каде откри зошто се одлучила на овој чекор.
– Гледам дека мојот настап во оваа рунда предизвика безброј реакции и дека мислењата се поделени. Сакам, пред се, да им се заблагодарам на луѓето кои ме следат и ме поддржуваат, кои се таму од почетокот, а исто така и на вас кои сте сега со мене. Три сезони се натпреварувам за да го видам мојот напредок и знам дека многу напредував, но има уште многу на што треба да работам – ја започна својата исповед Снежана, која и покрај критиките е благодарна за искуството.
– Ова е многу сурово, но сакам некако да помине мирно. Многу сум благодарна на продукцијата, особено на Саша и Мили кои веруваа во мене од самиот почеток и тоа никогаш нема да го заборавам. За жал, ставам крај на овој формат, но секогаш ќе го паметам по убавите моменти и луѓето што ги запознав таму. Благодарам – објасни Качар.
Таа откри и како нејзината менторка Вики Миљковиќ реагирала на нејзината одлука.
-И нејзе ѝ е жал, но разбра – одговорила Снежана.
Иако оваа одлука ја донела по сериозно размислување, пејачката била скршена кога по објавувањето на веста почнале да се слеваат пораки за поддршка и таа јавно со солзи им се заблагодарила.