Работник кој се симнал во шахта во Нов Белград за да ја исчисти се задушил и извлечен е мртов, јавуваат српските медиуми. Неофицијално, починал и неговиот колега кој дошол да му помогне.
– Во тек е истрага. Несреќата се случила денеска околу 11 часот, објавија медиумите.
– На местото на настанот се испратени 15 пожарникари-спасувачи со 4 противпожарни возила од ВСЈ Нови Београд, ВСЈ Земун и Вождовац. Пристигнувајќи на местото на настанот, констатирано е дека има 2 работници во шахта длабока околу 7 метри, свртени со лицетои кон дното на шахтата, каде што има вода – вели изворот на „Блиц“.
Во предметот, со оглед дека се сомнева дека се работи за смрт од небрежност, постапува Третото основно јавно обвинителство.
Според Инстаграм страната на serbialive, соседите велат дека работниците слегле без опрема во пумпната станица и се задушиле.