Денес имавме невообичаено топол ден за овој период од годината во нашата Република Македонија. Меѓутоа, во попладневните часови како што најавив, на повеќе места кај нас Атмосферата се дестабилизира и имаше појава на локални врнежи, грмежи и засилен ветер.
На Метеоролошката карта можете да ги погледнете денешните максимални дневни температури измерени во Македонија.
Можеме да видиме дека најтопло денес беше во Скопје Петровец со измерени дури 32 степени.