Попладнево на патниот правец Гостивар–Стража се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила.

На видеото од местото на несреќата може да се забележи значителна материјална штета на возилата, што укажува на силен удар.

Засега нема официјални информации дали во несреќата има повредени или загинати лица. Повеќе детали се очекуваат по завршување на увидот од страна на надлежните служби.