Денеска околу 17 часот и 45 минути на автопатот А1 кај постојката за одмор Мосор се случи експлозија, јавуваат хрватските медиуми. Од ПУ Сплит-Далмација известуваат дека во инцидентот загинало едно лице, неколку лица се пренесени за лекарска помош, оштетени се и неколку возила.
Како што дознава „Слободна Далмација“, еден од опожарените автомобили е „Цитроен“ со албански регистарски таблички, а изгорел возачот на БМВ-то што удрило во агрегатот.
Рано е да се зборува за причините за несреќата, дали возачот можеби заспал на воланот со оглед на тоа дека истрагата се уште не е започната, бидејќи пожарот штотуку е изгаснат.
Како што неофицијално дознава Слободна Далмација, три лица се повредени и се пренесени во КБЦ Сплит, каде ќе им биде укажана помош од тешки изгореници. Тие штотуку се донесени на итен прием, а еден од нив е во животна опасност.