Две засега непознати лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во четвртокот доцна попладне на локален пат во месноста Лупоглав во Хрватска, известија во петокот од Истарската полиција.

Несреќата се случила околу 17 часот и 45 минути кога непознат возач на автомобил „рено клио“ со пулска регистрација, возејќи по локалниот пат од село Брест под Учко кон Лупоглав, преминал лево и удрил во дрво покрај работ од пат.

Откако автомобилот се одбил од дрво, се спуштил по падина и се запалил. Автомобилот бил целосно опожарен, а во него биле пронајдени тела на две мртви лица.

Вчера на лице место веднаш по добиена пријава пристигнале вработени од Итната помош во Бузет. За жал, немале што да интервенираат бидејќи телата веќе биле изгорени.

– Кога го добивме повикот, автомобилот веќе беше запален. Пожарникарите и полицијата се на терен. За жал, вработените во Итната помош немаа повеќе што да интервенираат, низјави директорката на Наставниот институт за итна медицина на жупанијата Истар, Гордана Антиќ.

Како што неофицијално дознаваат хрватските медиуми, станува збор за двајца браќа од Лупоглав. Сепак, од истарската полиција засега не сакаат да ја потврдат оваа информација. Бидејќи телата се запалени, прво ќе направат ДНК анализа за да се утврди идентитетот на загинатите. Се работи за браќа на возраст од 19 и 12 години.

Полициски службеници извршиле увид, а надлежниот државен правобранител наредил обдукција на телото за утврдување на причините за смртта, како и вештачење на возилото.

Полицијата продолжува со утврдување на околностите на несреќата и работи на утврдување на идентитетот на загинатите лица кои биле пронајдени во возилото, соопштија од Истарската ПУ.