Трагична несреќа која резултираше со смрт на 17-годишно момче од Иерапетра (Крит) се случи во саботата попладне на импровизирана патека за мотокрос во областа Катарадес, непосредно надвор од Иерапетра. 17-годишникот заедно со други мотоциклисти бил на патеката на тренинг и таму од засега непозната причина момчето паднало со моторот и тешко се повредило.

Во 17 часот била известена ЕКАБ која веднаш излегла на местото на настанот и таму станала очигледна сериозноста на инцидентот бидејќи 17 – годишникот бил во несвест, но имал пулс и дишел. Во болницата во Иерапетра имало голема мобилизација за примање на младиот човек. На 17-годишното момче му било оценето дека треба итна операција, која била направена, но на крајот младиот човек не успеал да се спаси и починал.

„Малолетникот дошол интубиран во болница со сериозни и повеќекратни повреди на градниот кош. Тој изгубил многу крв и веднаш му биле дадени две шишиња додека итно бил однесен во операционата сала. За жал, нпочина“ , изјави заменик директорот на болницата во Иерапетра, Јанис Петракис.

ЕРТ објави слика за која вели дека е од моментот на смртоносната повреда на 17-годишникот во Иерапетра. Според ЕРТ, младиот мотоциклист додека бил во воздух ја изгубил контролата над моторот, поради што паднал од висина од 10 метри на земја.