Леонид Тодороски од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје, Матеј Митевски од гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, Едон Адеми од скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, Чигдем Муарем од приватното училиште „Јахја Кемал“ во Струга, Ѓулен Јагмур од меѓународното училиште „Мариф“ од Тетово, како и Огнен Јосифовски од скопската гимназија „Орце Николов“, се шестмината матуранти кои годинава освоија највисок број поени на државната матура. Мета.мк ја доби ранг-листата која ја изготви Државниот испитен центар (ДИЦ).
Пет од шестeмина ученици освоиле максимален број поени по предметот мајчин јазик, а ученикот Огнен Јосифовски бил најдобар по предметот англиски јазик.
Овој успех на шестмината најдобри во Македонија, за жал, нема да им го олесни претстојниот упис на факултет.
Ова се годинашните најдобри матуранти: