Германскиот голем трговски синџир “Лидл“ на 3 август ќе започне со градба на маркет во Битола, кој се наоѓа кај кружниот тек на “Дулие“, на местото на старата млекара, под Еврејските гробишта, објави локалниот портал Битола Њуз.

Деновиве градежни екипи го исчистија просторот, кој вчера беше и заграден и ја поставија градежната табла на која може да се прочита дека маркетот ќе се гради една година до 3 август 2024, изведувач на работите е “Фабрика Карпош“ АД Скопје, а проектант “Иванов Инженеринг“ од Битола.