Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила попладнево во хрватскиот град Меѓимурје. Како што јавуваат тамошните медиуми, едно лице загинало во несреќата.

– На 10.06.2022 година околу 17.35 часот во Штефанац на раскрсницата од улиците Зрински и В.Назор се случила сообраќајна незгода помеѓу два автомобили, кои потоа излетале од патот и удриле во бандера, по што покосиле двајца пешаци во близина на коловозот, велат од хрватската полиција.

Едниот од пешаците починал, додека другиот е пренесен во медицинскиот центар во Чаковец. Патот е затворен за сообраќај од 17.40 часот. Во тек е увид, информираат од Полициската управа Меѓумурје.

Локалните медиуми неофицијално наведуваат дека е загинало дете. Тежината на повредите на лицето кое било пренесено во болницата Чаковец засега не се познато.

📸

📸

📸

📸

📸

📸