Популарен пијалок се повлекува и отповикува од хрватскиот пазар, извести во петокот Државниот инспекторат на Република Хрватска.

Државниот инспекторат ги известува потрошувачите дека компанијата Атлантик Дрога Колинска превентивно го повлекува и отповикува производот Prirodna mineralna voda Donat Mg, 1L, со рок на употреба до 14 ноември и 15 ноември годинава.

Минералната вода се повлекува поради промени во органолептичките својства на вкусот и мирисот. Производот не е во согласност со регулативата на Европската агенција за безбедност на храна. Дистрибутер на водата е Атлантик трејд.