Игор Т.(28) утрово загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Ужице – Мокра Гора, а само еден час пред трагедијата младиот човек на социјалните мрежи објави видео кое сега предизвикува морници. Несреќата се случила утрово околу 8 часот, на патот Ужице-Мокра Гора, кај Витаси.
Загинатиот млад човек со својот автомобил удрил во камион, кој потоа се запалил по судирот. Три лица кои се наоѓале во автомобилот се повредени, додека камионџијата Фарих С.(23) не е повреден.
– Како што дознаваме, повредени се Радован П.(63), Немања Н.(19) и Никола М.(19), кои биле во автомобилот. Игор е снимател од Ужице, а се верува дека денеска работно бил ангажиран на свадба. Тој се обидел да претекне друго возило, кога влетал под камионот и починал, објавија српските медиуми.
Последна објава
Младиот човек утрово, во пресрет на трагедијата, на социјалните мрежи објави видео од венчавката. Во видеото можете да ги видите белите рози, како и бурмите кои се закачени на нив.
Во позадина се слуша музика, како и сватови кои се веселат. Само еден час по оваа објава се случи тешката сообраќајна несреќа во која загина Игор.
— Pluton (@Pluton45873221) September 17, 2023
Никола М., кој е повреден во несреќата, е фотограф, а на оваа свадба работел и тој.