Заминала во Турција со желба да добие холивудска насмевка во тамошна клиника. За жал, се тргнало наопаку, па не само што не си ја исполнила желбата, туку ги издржала и многу болните последици од постапката, кои според неа се одвивале поинаку од договорот меѓу неа и болницата.

Аманда Тарнер откри на TikTok што сакала, а што добила, каде објави кореспонденција со клиника во Истанбул. Во пораките можете да прочитате како поминал договорот меѓу неа и докторот од една клиника каде што отишла да добие 28 нови коронки за забите.

Од епилогот на приказната јасно се гледа дека оваа жена од Северна Ирска не се распрашала доволно за стручноста на медицинскиот персонал од установата, на кои без доволна причина им ја врачила целосната доверба. Влогот беше превисок- НЕЈЗИНОТО ЗДРАВЈЕ.

По стоматолошката процедура, забите на Аманда Тарнер биле екстремно истругани, а усните отечени. На видеото што го објави на TikTok, се слуша како едвај изговара: „Беше брутално, трпев неподнослива болка, ми течеа солзи, буквално морав да се молам за уште инјекции за се да отрпне“.

Аманда, која не добила соодветна анестезија пред спорната процедура, една недела не јадела ништо поради неподносливи болки, а со нејзината објава сака да ги прикаже сите последици од една непромислена одлука како нејзината.

За среќа, имало решение за неа, па успеала да најде лекар кој ја „санирал штетата“. Таа не останала должна на клиниката каде според нејзиното признание имала хорор искуство. Аманда поднела жалба до болницата и добила објаснување „зошто вакво нешто се случило во нејзиниот случај“.

Налутената Аманда одговорила со прашањето: „Зошто не ми го кажавте сето ова пред постапката?“.