Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ стигна до својот шести трофеј на Вимблдон и 20-от трофеј на Грен слем турнирите, па сега се израмни со најголемите ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер во таа категорија.

Во финалето на турнирот го совлада Италијанецот Матео Беретини со 3:1, а сите со нетрпение чекаа да видат кому ќе му го даде победничкиот рекет.

Ова мало девојче држеше феноменален транспарент во текот на целиот натпревар, каде ги наброја неговите доблести од првите букви од името на Новак.

– Number 1, Outstanding, Victorious, Ambituous, Kissaable, беше наведено во пораката на англиски јазик.