Страшната сообраќајна несреќа што се случи кај Ушќе го потресе регионот. Покрај таткото Даниел и трите деца, меѓу петмината загинати е и нивната сосетка Дијана К.(27), додека мајката Мирјана е единствената која ја преживеа трагедијата откако нивниот автомобил се судрил со оклoпно воено возило ПАСАРС на Војската на Србија.

Возачот на военото возило М.В.(54) е приведен во полиција поради сомнение дека ја предизвикал оваа тешка сообраќајна несреќа. Според официјалните информации, М.В е приведен во Вишото јавно обвинителство во Краљево, а истрагата е во тек.

Возачот на оклопното возило имал повеќе од 0,20 промили алкохол во крвта, што е спротивно на правилата на Вооружените сили на Србија, кои наложуваат нулта толеранција на алкохол за припадниците на војската. Поради сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз, на М.В му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен во надлежното обвинителство.

Несреќата предизвика шок во заедницата, особено поради трагичната загуба на речиси целото семејство Лазовиќ и сосетката Дијана К.