Албанската мрежа top-channel.tv пренесува дека 37-годишниот Нарди Исмет Идризи, кој наводно пукал, е баран од грчките власти како осомничен сторител на ранувањето на три лица во Гази во центарот на Атина во раните утрински часови во саботата.

Според грчката полиција, тој пукал и тешко ранил група од тројца мажи надвор од кафулето по вербална расправија.

Уапсен соучесникот, вели дека тој “удрил само шлаканица“

Претходно во рацете на властите падна и соучесникот на сторителот кој ги застрела тројцата Критјани во Гази. Според полициските информации, уапсениот 33-годишен маж на властите им рекол дека „само му удрил шамар“ на едно лице и дека не очекувал дека „пиштолџијата“ ќе пука.

Соучесникот

Властите започнаа потера за апсење на сторителот на нападот, кој во минатото ги загрижуваше и грчките и албанските власти.

Бараниот сторител бил вмешан во вооружени грабежи со размена на огнено оружје со полицијата, додека најмалку два пати бил депортиран од Грција. Не се знае како и на кој начин се вратил во Грција.

Главниот осомничен за нападот

Во истите информации се наведува дека возилото што го користеле двајцата насилници е забележано во северните предградија, додека во обид да си ги покријат трагите ги смениле регистарските таблички по пукотниците во центарот на Атина. Возилото е испратено во форензичка лабораторија за да се идентификуваат отпечатоци од прсти и генетски материјал.