Семејна трагедија го потресе Тетово и жителите на градот. Според информациите на Телма, татко го застрела својот син.
Неофицијално лицето, на околу 70 годишна возраст, во моментов е хоспитализирано. Таткото и синот живееле во иста куќа, а мајката била почината.
Според за сега непотврдени информации противпожарни екипи ја обиле вратата на семејната куќа за да влезат во објектот каде што се случила несреќата.
Соседите на семејството за Телма раскажуваат дека таткото имал физички здравствени проблеми.
На местото на настанот пристигнала полиција која го пронашла оружјето со кое е извршено делото.
Претходно таткото два дена не излегувал од станот, поради што има сомнежи дека убиството го сторил пред два дена.
– Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловачка пушка. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат за Телма од СВТ Тетово.
ТВ Клан Македонија објави фотографија од убиениот човек. Според медиумите, станува збор за македонско семејство, но тоа засега не е потврдено.