Владата цел ден се обидува да најде нов директор за М- НАВ кој ќе ги исполнува условите. Хекуран Асани е најновиот предлог. Промената дојде откако стана јасно дека Илир Мехмеди, не ги исполнува условите. Прво доаѓа од редовите на Агенцијата за цивилно воздухопловство, а не од македонската навигација. Нема валидна дозвола за надзорен контролор за летање ниту пак има шестгодишно работно искуство како контролор, нешто што се бара со член 17 од статут на македонската навигација. А интересно е и тоа што додека директорувал со Агенцијата за цивилновоздухопловство ревизорите констатирале трошења на пари.

Новопредложениот Асани е активен контролор на летање во М- НАВ и според информациите ги исполнува условите да раководи со институцијата.

НА ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА СЕ ДАДЕ ПРЕПОРАКА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ДОСЕГАШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ И ДИРЕКТОР НА М- НАВ ФАХРУДИН ХАМИДИ КАКО И НА ДИРЕКТОРОТ НА ВОЗДУХОПЛОВНАТА ТЕХНИКА ЉУБЕ СТАМЕНКОВСКИ.

На местото на Стаменковски доаѓа Милан Кораќ. По ова од синдикатот на М- НАВ, соопштија дека го ставаат во мирување штрајкот што го најавија за утре со делумно затворање на македонското небо. Но дека ќе го следат спроведувањето на владината одлука.

Хекуран Асани

Од друга страна пак Владата освен што препорача АЦВ да продолжи со вонредните контроли, го задолжи инспекторатот за труд да го провери работењето на синдикалните организации во М- НАВ.

Денеска и финансиската полиција влезе во македонската навигација за да се утврди дали има сомневање на кривични дела.

Во М-НАВ подолго време има проблеми. Но, состојбата ескалираше минатата недела кога група напаѓачи влегоа во М- НАВ и вербално и физички нападнаа неколку контролори на летање. Групата ја предводеше високиот функционер на ДУИ Беким Незири.