Фудбалскиот свет е во шок вечерва откако Кристијан Ериксен колабираше на теренот на мечот меѓу Данска и Финска.

Ериксен колабираше на крајот на првото полувреме и веднаш стана јасно дека нешто не е во ред. Еден од неговите соиграчи му пришол и видел дека изгубил свест и ги повикал лекарите за помош.

Лекарите брзо стигнаа до Ериксен и сите беа шокирани кога преносот ги покажа како се обидуваат да го оживеат данскиот играч од средниот ред.

Останатите соиграчи застанаа пред Ериксен, така што камерите не можеа да забележат како го оживуваат.

Сето ова траеше десетина минути, а Ериксен потоа на носилки беше изнесен од теренот. Сепак, тој беше свесен и фановите аплаудираа кога видоа дека лекарите го оживеаја.

Ериксен се наоѓа во стабилна состојба и се наоѓа во болницата каде ќе биде тестиран за да проба да види што не е во ред.

И неговиот агент Мартин Шутс кратко зборуваше и потврди дека Ериксен е стабилен и може да разговара, што е секако големо олеснување за сите оние кои чекаа информации од Копенхаген.

Сепак, најголемиот херој на Паркен беше капитенот на данската репрезентација, Симон Кјаер, кој реагираше несебично.

Кјаер потрча кон Ериксен и му го извади јазикот од устата и го сврте во правилна позиција се додека не дојдоа лекарите, што секако го спаси неговиот соиграч.

После тоа, сопругата на Ериксен, Сабрина, со солзи истрча на теренот за да види што се случува, но тие не и дозволија да и пријде на Ериксен и да не гледа како лекарите се борат за неговиот живот.

Кон неа пријдоа Кјаер и Шмајхел кои ја поддржуваа и ја тешеа додека чекаа нови вести. Но, за среќа Ериксен се разбуди и покажа дека е навистина голем борец и дека не се предава така лесно.